декември 8, 2022

Нова “бомба”: Заев се вклучува во 6-те милиони евра рекет и е фатен во лага дека не го познава лицето Димишков

На Јутјуб се појави аудио снимка на која наводно се слуша гласот на Зоран Заев во која тој зборува за огромни пари и за адвокатот Димишков, братот на судијката Димишкова.

Од снимката која се појави на каналот „Зоки Рекетарот“ може да се заклучи дека Зоран Заев се согласува да стане дел од преговори за рекет кој е баран од Орце Камчев. Според снимката изгледа дека покрај Васко Димишков кого предходно го слушнавме како зборува за милиони евра и Заев е заинтересиран за трансакциите вредни 6 милиони евра.

Во еден период се појави овој Васко, на Димишкова брат. Совети ми даде, што да правам, бара пари, значи он ќе рече 6 милиони евра, 6 милиони евра, викам важи, јас влегувам во оваа работа”, вели наводно Заев на снимката.

На дебатата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на ТВ 24 Христијан Мицкоски, Зоран Заев два пати беше прашан дали го познава братот на судијката Димишкова но тврдеше дека не се познава со адвокатот Васил Димишков.

Според најновата бомба која е објавена денеска се слуша дека многу добро се познавале.

Не го познавам, сигурен сум”, одговори Заев на дуелот на директно прашање од Мицкоски.

На една од претходните бомби каде се слуша гласот на адвокатот Васил Димишков, брат на судијката Весна Димишкова која важи за многу блиска до Зоран Заев, се зборува за рекет од 6 милиони евра како предуслов за да бизнисмен биде пуштен на слобода.

“Дајте 6 милиони еврa и ќе ја завршиме работата”, вели во таа бомба Васил Димишков. Васил Димишков во разговорот со непознато лице вели дека ќе проба да ја намали сумата иако таа е голема.

“Тие ми рекоа, ама јас треба уште еднаш да разговарам, ќе им ја намалам, нешто тие многу забегаа не очекував толку многу да побараат”, вели Димишков во таа бомба.

Досега обвинителството не се обиде да дознае за какви 6 милиони евра разговарал тогаш брат на судијка што судела во процес против опозицијата.

Сподели