ноември 28, 2022

9 совети како да го поминете ова лето

Ова лето дефинитивно ќе биде различно од претходните, но тоа не мора да значи дека ќе биде здодевно. Еве девет едноставни совети кои може да ви го направат летото забавно:

1. Направете свој сладолед што ќе ве олади во овие жешки денови. Звучи тешко, но всушност е многу лесно, ако не верувате во тоа, погледнете неколку од многуте упатства на YouTube.

2. Кампирање. Време е да се запознаеме со природните убавини на нашата земја.

3. Имајте пикник или скара.

4. Поминете лесно попладневно дремнување на нишалка во дворот.

5. Најдете го вистинскиот рецепт и направете си освежителен коктел.

6. Возење велосипед. Покрај тоа што ќе избегнете гужва, ќе го подобрите вашето здравје и фитнес.

7. Најдете ново хоби – книги, видео игри, готвење, игри на табла или нешто петто.

8. Одете на риболов. Ги смирува нервите и го релаксира мозокот, а ако сте вешти, можеби и нема да останете гладни.

9. Кој не може без пливање, тука се нашите 3 прекрасни езера, Охридско, Преспанско и Дојранско. Исто така може да пливате и во македонските реки.

Сподели