декември 8, 2022

25 години од масакрот во Сребреница

Девет неодамна идентификувани жртви на масакрот во Сребреница се погребани за време на церемонијата во Босна, на одбележувањето на 25 години од случувањата.

Погребите се одвиваа како дел од настанот по повод одбележувањето на масовното убиство – најголемото злосторство во Европа по Втората светска војна. Зборуваа и поранешниот американски претседател Бил Клинтон, принцот од Велс и роднини на илјадниците кои починаа.

Масакрот се случи за време на Босанската војна (1992-1995). Илјадници Бошњаци (босански муслимани) бараа безбедност во градот, кој ООН го заштитуваше со холандските сили.

Што се случи на церемонијата? Служба се одржа денес на Спомен-обележјето Сребреница – Поточари, непосредно на влезот од градот. Десетици илјади луѓе обично присуствуваа минатите години, но беа година беа поставени ограничувања заради пандемијата.

Десетици видео пораки беа емитувани од поранешни и сегашни светски лидери. Преку видео порака се обратија Бил Клинтон, принцот Чарлс, Борис Џонсон, Кофи Анан…

Трибуналот на ООН во Хаг кој ги истражуваше настаните подоцна, зборуваше за долго планирање на масакрот. И поранешниот генерален секретар на ООН, Кофи Анан, подоцна изјави: „Трагедијата на Сребреница засекогаш ќе ја прогонува историјата на Обединетите нации“.

Сподели