декември 8, 2022

Уставниот суд донесе времена мерка за владината уредба за рушење на дивоградбите на плажите

Нејасно е кој се мотивите на Владата за носењето на оваа Уредба. Согласно позитивните законски прописи во Република Македонија, рушењето на дивоградбите, Владата можела и може да го спроведе согласно Законот за градење.

Сподели
 
 
 
   

Уставниот суд донесе решение со кое Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат нема да можат врз база на Уредбата од Владата да ги казнуваат и затвораат фирмите кои со истечена концесија, на диво, работат и прават профит на плажите во Охрид, Струга, Дојран и Преспа. Со ова, сите правни и физички лица кои не плаќаат за користење на државното земјиште и го имаат узурпирано, нема да имаат проблем со законот.

Од Уставниот суд велат дека ваквата одлука ја темелат на тоа што донесената Уредба со законска сила не е поврзана со ситуацијата со Ковид-19 и затоа е донесена времена мерка за нејзино стопирање, се до донесување на конечната одлука.

„Уредбата има одредби со кои на времените закупци на кои им е истечен рокот, им се наложува да го ослободат земјиштето и да го доведат во првобитна состојба. Оваа уредба спречува користење на плажите од закупците на кои им истекол закупот и немаат договори. Судот не се меша во тоа дали на терен ќе се урива, нема такви ингеренции. Судот кажа дека во вонредна состојба, уредбите кои се носат, треба да имаат врска со Ковид-19. Уредувањето на права и обврски од имотно-правен карактер, немаат врска со Ковид-19“, велат од Уставен суд.

Ваквата одлука нема да влијае на отпочнатиот процес за уривање на дивоградби во Охрид и крајбрежјето на Охридското Езеро, бидејќи тоа е според Планот за управување со Светското природно и културно наследство. „Ќе продолжиме со процесот на отстранување на дивоградби согласно правосилните решенија“, велат од Општина Охрид.

За разлика од таму, во Струга, тамошниот градоначалник Рамиз Мерко нема доставено ниту список на дивоградби и тврди дека се е легално во градот. Мерко нема отпочнато процес за рушење на дивоградби. Договорите за закуп на плажите во Охрид се истечени пред повеќе години, а последниот во 2018 година. Според истечените договори за концесија, некои од фирмите што стопанисувале со плажите веќе не постојат, но нивните газди и натаму издаваат лежалки, продаваат храна и пијалаци, остваруваат профит.

Но, нам не ни е јасно зошто Владата носеше ваква Уредба со законска сила, кога и по постоечките законски прописи требала и можела да постапува порано, а и во моментов. Навистина збунувачка ситуација.

Сподели