ноември 28, 2022

Српските туристи избркани од грчкиот остров Евија, мештаните се плашеле од корона

Туристите од Србија биле избркани од страна на мештаните на грчкиот остров Евија во Грција, пишува „Новости“.

Туристите беа принудени да го напуштат островот, затоа што на локалните жители им било страв од вирусот и не го сакале нивното присуство.

Според информациите, од Евија во моментов се враќаат назад сите српски туристи.

Вчера стана извесно дека 85 српски државјани биле тестирани на коронавирус на островот Евија и дека сите биле негативни, па можат да продолжат со одморот. Тие беа тестирани откако кај двајца од групата завчера беше потврдено присуството на Ковид-19.

Сподели