октомври 30, 2020

Лошите практики во угостителството стигнаа и во Охрид и тоа преку ресторанот “Чун”

Лошите практики во угостителството од други држави стигнаа и кај нас. Дури и во ваква лоша економска состојба во која се наоѓа Македонија, охридските угостители, поточно ресторанот “Чун”, почна да избира кого ќе го послужи.

За првпат во Македонија доживеав да бидам одбиен да ме послужат. Имено, уште неседнати во ресторанот, келнерот ни го постави магичното прашање “дали ќе јадете или само ќе пиете”? Вчудоневидени од прашањето, бидејќи јас знаев дека нема да јадам, но за другите не знаев, одговорив дека не знам во овој момент. Тој како од пушка ни одговори – ако не сте за јадење, тогаш не може да седнете! Замислете каква дрскост! И на тие што им се јадеше, им се одјаде! Вакво нешто досега во Македонија не сум доживеал. Нели Македонците беа познати по своето гостопримство!? Најстрашното од сè е што бев редовен гостин во овој ресторан, но очигледно само тогаш кога цехот му одговара на газдата. Каков срам за овој ресторан и воопшто за македонското угостителство! На ваков ли дрзок и безобразен начин ќе го развиваме туризмот во Македонија!?

Но, секоја ситуација, своја засебна приказна. Јас знам дека никогаш повеќе во мојот живот нема да седнам во овој објект.

Автор: Роберт Милески

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •