декември 8, 2022

“Емирати” ќе скрати 9000 работни места

Претседателот на „Емирати“ изјави дека блискоисточната авиокомпанија е предвидена да намали дури 9,000 работни места поради пандемијата на коронавирус. Ова е првпат најголемиот превозник во светот да открие колку работни места ќе се изгубат. Пред кризата, „Емирати“ имаше 60.000 вработени. Сер Тим Кларк изјави дека авиокомпанијата веќе намалила една десетина од својот персонал, но рече: „Ние веројатно ќе треба да отпуштиме уште , веројатно и до 15%“. Глобалната авиокомпанија е сериозно погодена од коронавирусот, со скоро целисно запрени активности.

Во интервју за Би-Би-Си, Сер Тим рече дека Емирати не е „лош како другите“. Но, неговата сегашна состојба претставува значителен пресврт во среќата на авиокомпанијата, за која рече дека пред пандемијата имала извонредни деловни резултати. Намалувањето на работните места што ја зафаќа пошироко индустријата во воздухопловството предизвикува загриженост кај вработените во „Емирати“ дека работите може уште повеќе да се влошат.

Меѓу вработените расте фрустрацијата од она што тие го сметаат за лоша комуникација и транспарентност од авиокомпанијата. Најмалку 700 од 4500 пилоти на авиокомпанијата оваа недела добија известувања за технолошки вишок.

Сподели