декември 8, 2022

Амазон виновен за кршење на санкциите кон Крим

Tехнолошкиот гигант „Амазон“ е прогласен за виновен од страна на САД, а како причина се наведува кршењето на санкциите поради бизнис соработка со анектираниот полуостров Крим, објави „Москва тајмс“.

Една од причините поради кои „Амазон“ е казнет, е давање услуги и доставување производи на поединци од Крим, со што се прекршени санкциите воведени од САД, со кои им се забранува на компаниите да работат на анектираниот полуостров.

„Амазон“  е прогласен за виновен, и поради продажба на производи за клиенти во Иран и Сирија, извршување нарачки на луѓе кои се лоцирани или вработени во амбасадите на Кина, Иран, Северна Кореја, Судан и Сирија, како и продажба на предмети на лица под санкции на Канцеларијата за контрола на странски фондови при американското Министерство за финансии.

Казната на “Амазон” изнесува вкупно  134.523 долари поради прекршоците направени од 2011 до 2018 година.

Сподели