декември 8, 2022

Во август, половина од угостителската сметка на Британците ќе им биде платена од државата

Британската влада најави сет на стимулативни мерки со акција за поддршка на туристичкиот и угостителскиот сектор.

Канцеларот Сунак, денес најави сет од мерки со кој ќе обезбеди 50 процентен попуст покриен од владата, кај угостителските сметки направени од Британците при посета на пабовите, рестораните, хотелите ширум Велика Британија.

Британците сега ќе можат да ги уживаат овие стимулативни мерки, во период од секој понеделник до среда во текот на месец август.

Сунак исто така најави дека данокот на додадената вредност (VAT) кај угостителството и туризмот ќе се намали од 20 проценти на 5 проценти се до 21 јануари 2021 година.

Сподели