ноември 27, 2022

Турскиот суд ја поништи одлуката на Ататурк од 1934 и ја претвори Света Софија во џамија

Света Софија - Истанбул

Највисокиот турски управен суд го поништи во петокот декретот од 1934 година донесен од Кемал Ататурк за претворање на обележјето на Истанбул, Света Софија, од џамија во музеј.

Света Софија, првично изградена како катедрала на Источното Римско Царство во 537 година, била претворена во џамија од османлискиот султан Мехмет Освојувачот во 1453 година, откако го освоил градот.

Светилиштето служеше како музеј уште од 1935 година по основањето на турската република, но сепак претседателот Реџеп Таип Ердоган во неколку наврати сугерираше со години повторно да се претвори во џамија за да се исполни долгогодишното барање на турските исламисти, и покрај противењето.

Соединетите Држави, други држави и црковните водачи беа меѓу оние кои изразија загриженост за промена на статусот на огромната зграда од 6. век, претворена во музеј во раните денови на модерната секуларна турска држава под Мустафа Кемал Ататурк.

„Беше заклучено дека спогодба да не биде веќе џамија и да се употребува надвор од нејзиниот карактер не е можна законски“, се вели во пресудата на Државниот совет, највисокиот управен суд во Турција.

„Одлуката на кабинетот во 1934 година која ја запре употребата како џамија и ја дефинираше како музеј не ги почитуваше законите“, се вели во извештајот.

Османлиите изградија минариња покрај огромната куполна структура, додека внатре додадоа огромни калиграфски панели со арапски имиња на раните муслимански калифи, покрај античката христијанска иконографија на споменикот.

Сподели