ноември 28, 2022

Лице од прес службата на германската влада со години шпионирало за Египет

Вработен во канцеларијата на владиниот портпарол со години работел за тајната служба на Египет, се вели во извештајот на министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер.

„Нема да коментираме истраги што се во тек“, изјави Штефен Зајберт, портпаролот на Ангела Меркел и шеф на Федералната прес служба.

Според весникот „Билд“, осомничениот шпион работел како средно рангиран службеник и има мигрантско потекло. Германската полиција спровела извршни мерки против него во декември минатата година. Федералниот јавен обвинител потврди дека лицето е осомничено за шпионажа и дека е покрената истрага.

„Постојат индиции дека египетската тајна служба се обидувала да регрутира Египќанец со живеалиште во Германија за разузнавачки цели“, се вели во извештајот.

Германската влада верува дека египетската тајна служба се обидувала да дојде до информации за Египќаните од Германија кои би можеле да бидат членови на забранетото Муслиманско братство и на коптската христијанска заедница.

Сподели