Левица поднесе кривична пријава за поранешниот претседател на Уставен суд

Денес Левица, до Основното јавно обвинителство – Скопје, поднесе кривична пријава против поранешниот претседател на Уставниот суд на РМ – г. Никола Ивановски, за сторено кривично дело САБОТАЖА, поради тоа што две години неосновано го чува во фиока предметот за т.н. Закон за двојазичност, кој е илегално објавен без потребниот потпис на Претседателот на Републиката – и со тоа, на подмолен начин, предизвикал тешко отстранливи и штетни последици по уставниот поредок на Република Македонија!
По падот на оваа квислиншка власт, која тајно припрема терен за федерализација на државата, вакви пријави ќе бидат поднесени и против сегашниот претседател на Уставниот суд, како и против директорот на ЈП „Службен весник на РМ“, изјавија од Левица.