декември 6, 2022

Кратко траеше радоста, бетонската база на Нефи Усеини нема да се урива

Започна да се дислоцира наместо да се руши бетонската база во Охрид откако без никаква документација советникот на општина Охрид, Нефи Усеини од ДУИ ја изгради во близина на охридското крајбрежје.

Поставувањето започна минатата година во јули но без никаква еколошка дозвола, а објектот е еден од тие проекти кои ги прекршува УНЕСКО правилата.

Инаку во објектот Усеини на засега непознат начин успеа да спроведе и струја до бетонската база иако таа не е легална и спротивна на законите.

За потсетување општина Охрид во минатото немаше пари за да ја урне дивоизградената база на Усеини, поради што беше загрозен и статусот на Охрид во УНЕСКО.

Усеини е познат по тоа што го спаси Константин Георгиески од дебакл на локалните избори во 2017 година, но беше соработник и на претходната власт.

Сподели