декември 8, 2022

“Facebook” ги откри бројките за кампањата во Македонија

На помалку од една недела пред вонредните парламентарни избори, политичките партии во услови кога нема масовни митинзи, на големо ги трошат парите за рекламирање, а „предизборната војна“ се пресели на социјалните мрежи со секојдневна промоција на разни форми и содржини на фан-страните, со тоа што „Фејсбук“ овој пат за прв пат објавува кој колку е транспарентен и колку му плаќа.

Број 1 на листата е СДСМ со 710 платени (спонзорирани) политички спотови, а самиот Зоран Заев на својот профил 150 платени спотови. Понатаму следат Љупчо Николовски со 120 платени реклами во моментот, Мила Царовска е со 97, Сања Лукаревска 75, додека „Фејсбук“ кај Оливер Спасовски пријави 48. Владеачката партија се рекламира на Фејсбук и преку „локалните“  профили, па така страната „Градска организација на СДСМ – Скопје“ имаше 10 платени активни „бустирања“

ВМРО-ДПМНЕ преку официјалните изборни страници кои по правило треба да бидат пријавени во „Фејсбук“ има помалку активни платени реклами кај оваа социјална мрежа. Така на главната страна најголемата опозициска партија има само неколку такви кампањи, лидерот Христијан Мицкоски имаше само 9. Бројките во однос на СДСМ се помали и кај останатите партиски функционери и кандидати за пратеници, па така „Фејсбук“ кај Гордана Силјановска Давкова открива само шест платени кампањи во моментот, кај Александар Николоски и Игор Дурловски имаше по 12, кај Владо Мисајловски по 19, а кај Тимчо Муцунски се седум  Главно кај фан-страните на општинските комитети како и кај Унијата на млади сили немаше ниту една платена реклама.

Сподели