декември 7, 2022

Шеќеринска потврди дека била на гости кај Боки 13

Јас во ниту еден момент, никогаш не ја лажев јавноста, сум се видела и со едниот и со другиот и со двајцата заедно. Да, тоа беше средба на која зборевме за една тема која беше многу актуелна во тој период. А тоа беше, зошто не може да се донесе Законот за специјално јавно обвинителство. Јас сум била во друштво на сопственик на телевизија, но сум била и со многу други сопственици на телевизии, рече Радмила Шекеринска вечерва во „Само вистина на Канал 5 во врска со снимката која беше објавен пред два дена, а за која се тврдеше дека министерката заедно со осудените Катица Јанева, поранешна шефица на СЈО и Боки 13 седи во домот на Јовановски кој доби девет години затвор поради рекет.

Сподели