декември 8, 2022

Нови „бомби“: Заев преку посредник преговарал со Мијалков во 2016 година?

На кориснички канал „Мијачко Шилеже“ на Јутјуб денеска се појавија две нови аудиоснимки во вкупно траење од околу две и пол минути, на кои се слуша гласот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Гласот на соговорникот е мутиран, но речиси сигурно е дека е на Александар Верушевски. Снимката многу потсетува на веќе неколкуте објавени аудиоматеријали за кои Заев кажа дека тајно ги снимил неговиот соговорник при ручек во Струмица во 2016 година.

Првиот разговор, кој трае 1 минута и 54 секунди, според насловот што го напишал поставувачот на јутјуб-каналот, алудира на наводен договор на Заев со Сашо Мијаков, тогаш висок функционер ВМРО-ДПМНЕ и во власта. Во разговорот навистина се споменува името Сашо, но не и презимето.

Од она што може да се разбере е дека Заев бара писмено решение од финансиската полиција дека во Општина Струмица прекинуваат сите постапки на контрола и не е пронајдено ништо. На крајот на тонскиот запис Заев вели „нека повлечат сѐ со решение и нема да објавам ништо“.

Ова е транскриптот од тој разговор:

Дисторзиран глас: Значи Сашо е спремен за договор. Сашо.

Заев: Јас преговарав со Сашо. Со Сашо кога се гледавме…

Дисторзиран глас: Еве, јас ако ти ветам дека ќе…м?

Заев: Нека пушти решение бе, финансовата инспекција писмено решение, дека во Општина Струмица прекинуваат сите постапки на контрола и не е пронајдено ништо.

Дисторзиран глас: Добро, чекај да запишам. Значи, да се пушти решение до Општина Струмица, од која институција, од кои сектори?

Заев: Финансова полиција. Дека ги прекинуваат сите постапки на контрола во Општина Струмица.

Дисторзиран глас: Дека ги прекинуваат сите постапки…

Заев: …на контрола

Дисторзиран глас: На контрола. На контрола врз Општината Струмица. На Струмица и дека се е регуларно.

Заев: Сѐ е регуларно, сѐ е согласно закон. Еве што ти викам, нека повлечат сѐ…они ме принудуваат на такви работи. Значи да не заврши да не доаѓаат, туку решение дека е завршено, океј нема да го подготвам пакетот, да тепам во тој правец и нема проблем. Нека повлечат сѐ со решение.

Дистрозиран глас: Добро.

Во вториот разговор, кој е 26 секунди, според насловот на бомбата, Заев со непознатиот соговорник зборува за улогата на Петре Шилегов како претседател на второстепената комисија за јавни набавки, за кого соговорникот на Заев вели дека бил „трпај пари и уживај, капата на криво и свиркај си“, на што Заев одговара со: „Немам дилема околу тоа, јасно ми е. Што бил, како правел, океј е.“

Транскриптот од втората аудиоснимка:

Заев: Шилегов и Оливер излегле директно мавајќи по власта. Не знам во политиката што повеќе да очекувам.

Дисторзиран глас: Шилегов?

Заев: Маваше.

Дисторзиран глас: Второстепена комисија. Трпај пари и уживај, капата на криво. И свиркај си.

Заев: Немам дилема околу тоа, јасно ми е. Што бил, како правел, океј е.

Сподели