декември 8, 2022

Курц ги предупредува Австријците да не патуваат во земјите од Западен Балкан

Австрискиот канцелар Себастијан Курц ги предупреди граѓаните на Австрија уште еднаш да не патуваат во земјите од Западен Балкан и да не плаќаат за тестирање на Ковид-19 во овие земји.

„Ве повикувам да се придржувате до предупредувањата за патување. Секојдневно имаме се повеќе случаи на инфeкција, чие потекло може да се поврзе со Западен Балкан“, рече Курц, додавајќи дека австриските граѓани треба да се воздржат од патување кон Западен Балкан.

Австрискиот канцелар исто така се повика на обврските на работодавците, повикувајќи ги да се осигураат дека ќе се почитува карантинот од 14 дена по патувањето.

Покрај тоа, тој ја доведе во прашање валидноста на евтините тестови за Ковид-19 на дестинациите во Западен Балкан, кои им овозможуваат на австриските граѓани да се движат слободно откако ќе се вратат во Австрија.

Тестирањето за Ковид-19 на Меѓународниот аеродром во Виена е алтернатива и чини 190 евра по човек.

Сподели