декември 8, 2022

New scientist: Зошто вториот бран на коронавирус не ја погоди Велика Британија?

И покрај предупредувањата од страна на некои експерти дека олеснувањето на рестриктивните мерки може да доведе до втор бран на коронавирус или повторно оживување на инфекции, на 11 мај на Британците повторно им беше дозволено да одат во парковите и да вежбаат во парковите, продавниците беа отворени во јуни, пабовите на 4 јули, рестораните и кафулињата се повторно отворени, а упатствата за социјално растојание се опуштени од саботата. Eлени Хари, заменик-главен медицински офицер во Англија, на прес-конференција минатиот четврток изјави дека секогаш постои можност за повторување на бројот на заразени лица во Велика Британија. Имено, Англија ги олесни мерките побрзо од остатокот на Велика Британија и голем дел од Европа. Властите веруваат дека овој потег бил оправдан бидејќи инфекциите во Велика Британија опаѓаат од април, кога достигнале повеќе од 8000 случаи на ден, пишува New Scientist.

Можни причини

Една од причините зошто досега немаше втор бран во Велика Британија е пристигнувањето на летните денови во северната хемисфера. Некои истражувања сугерираат дека, како и со другите респираторни вируси, коронавирусите остануваат подолго активни на површините кога воздухот е постуден и помалку влажен. Како и да е, сè уште е нејасно дали коронавирусот навистина ќе ги има карактеристиките на сезонска болест, како на пример, грипот. Повисоките температури, исто така, ги охрабруваат луѓето да поминуваат што е можно повеќе време на отворено, каде вирусот е со поголема веројатност да биде оштетен од сончева светлина или да бидњ оддуван од ветре. Една кинеска студија открила дека 98% од високите нивоа на пренесување на вируси се одвиваат во затворено. „Климата може или не може да биде фактор. Она што го знаеме е дека ширењето на вирусот се отежнува на отворено“, рече д-р Габриел.

Експертите веруваат дека има и други фактори кои не довеле до повторно оживување на инфекции. Имено, приближно половина од смртните случаи поврзани со коронавирус во Велика Британија се поврзани со жители на старечки домови, но сега се воведени многу поригорозни мерки во овие институции. Едно можно објаснување е дека граѓаните продолжија да бидат претпазливи, и покрај олеснителните мерки. Истражувањето на повеќе од 2.000 луѓе во Велика Британија ги споредува ставовите на луѓето кон рестриктивните мерки на почетокот на април со оние на крајот на мај и покажа дека одговорноста на граѓаните е многу голема во двата случаи. „Граѓаните постојано се придржуваа кон социјалните мерки за оддалечување. Забележавме неверојатна претпазливост и силно разбирање на сите можни ризици кај мнозинството од населението“, рече Боби Дафи од универзитетот „Лондон“, кој работеше на студијата.

Д-р Габриел Скали смета дека може да биде премногу рано за да се појави втор бран затоа што Британците започнаа да излегуваат повеќе пред само неколку недели. „Потребно е време случаите да растат повторно. Вториот бран сè уште не се случил, но тоа не значи дека оние што предвидуваа не биле во право“, рече Скали.

Колективен имунитет

Во последните неколку недели, во неколку земји кои олеснаа или укинаа рестриктивни мерки се забележува повторна појава на случаи. На пример, Израел беше погоден од втор бран. Таа земја на 5 јули пријави скоро 1.000 нови случаи и воведе некои рестриктивни мерки. Јужна Кореја имаше неколку нови жаришта што произлегоа од ноќните клубови и канцелариите. Ограничувањата се повторно воспоставени во делови на Шпанија и во неколку држави на САД. Постојат некои индикации дека може да се случи промена во стапката на инфекција во Британија. Најновите бројки од британското Централно биро за статистика покажуваат дека нивото на инфекции полека се намалува. Дополнително, во градот Лестер е забележан нов фокус, што доведе до повторно воведување на некои ограничувања. Без оглед на причината зошто засега нема зголемување на бројот на заразени лица во Велика Британија, сигурно е причината не е колективен имунитет. Колективниот имунитет значи дека доволно голема популација, околу 60%, го надминала ковид-19 и развила антитела, што го отежнува ширењето на коронавирусот. Имено, неколку светски студии индицираат дека само 1 до 10 проценти од населението има антитела. „Не изгледа дека многумина биле изложени на вирус“, рече епидемиологот Марк Волхаус од Универзитетот во Единбург.

Сподели