ноември 28, 2022

20 повредени во синоќешните протести во Белград

Утрово се сумираа штетите од вчерашните масовни протести низ улиците на Белград, по повод најавата на претседателот Александар Вучиќ за враќање на рестриктивните мерки, меѓу кои и полицискиот час од петок, со што Србија ќе биде првата земја после првиот бран во кој повторно ќе има рестрикција во однос на движењето.

Низ улиците излегоа десетина илјади луѓе, а епилогот се повредени 20 лица, меѓу кои 13 полицајци, и 7 цивили, јавува РТС, потпирајќи се на официјална изјава од Брзата помош.

Низ Белград утрово се забележуваа три запалени полициски возила, неколку контејнери, искршени сообраќајни знаци и семафори, камења, искршени излози.- Реклама –

Властите го осудија нападот. Премиерката Ана Брнабиќ истакна осуда за политичарите кои стојат зад вандалскиот чин.

Се очекува денеска реакција и од претседателот Александар Вучиќ.

Протестите беа организирани пред Собранието, каде што имаше и упад во Парламентот на Србија, а се проширија и низ други делови од градот, односно пред зградата на националната телевизија РТС.

Протести, но со помал интензитет и без поголеми проблеми имаше и во Нови Сад.

Сподели