декември 8, 2022

Србија ги враќа строгите мерки

Александар Вучиќ

СРБИЈА воведува нови строги мерки заради коронавирусот. Ова го соопшти српскиот претседател Александар Вушиќ на прес-конференција. „Од утре, секој јавен собир за повеќе од пет лица, во затворен простор или на отворено, ќе биде забранет, а полицискиот час ќе траае од петок до понеделник, а ќе видиме подоцна“, рече Вучиќ на конференцијата во зградата на српската влада.

„Во овој момент, имаме скоро 4.000 хоспитализирани пациенти со потврден ковид “, рече вечерва Вучиќ. Тој рече дека скоро сите белградски болници се полни и најави изградба на две ковид болници. „Белград е најкритичен, според најновите податоци. Единствено добро е што луѓето се јавуваат порано во болница во Белград, за разлика од Нови Пазар каде одат на лекар во многу критична состојба. Не чекајте состојбата да стане крутична, луѓе. Имаме помалку мртви во Белград, затоа што тие доаѓаат порано во секој случај. Барам од сите да ги заштитат нашите стари и дебели луѓе“.

Да потсетиме, денес е најтешкиот ден во Србија од почетокот на епидемијата. Во последните 24 часа, 8287 лица биле тестирани за коронавирус во Србија, 299 биле позитивни, а, за жал, починале 13 лица, најмногу од почетокот на епидемијата во Србија. Во моментов има 110 пациенти на респиратори. Како што истакна денес главниот српски епидемиолог Предраг Кон, ситуацијата во Белград е доста сериозна и не се исклучува воведувањето на некаков вид карантин доколку ситуацијата не се нормализира. Според него, повеќе од 300 ученици се разболеле, додека коронавирусот бил потврден во дури 14 градинки.

Сподели