декември 7, 2022

Протестанти упаднаа во српскиот парламент

Илјадници српски граѓани се собраа во близина на зградата на српскиот парламент по најавата на претседателот на земјата, Александар Вушиќ, дека ќе бидат вратени драстични мерки, вклучително и враќање на повеќедневниот полициски час и забрана за собирање на повеќе од пет лица, во затворен простор и на отворено. Граѓаните се собраа во близина на српскиот парламент и го запреа сообраќајот на платото пред зградата на парламентот.

Најпрво имаше неколку стотици од нив, а тој број се зголеми на неколку илјади во текот на вечерта. Луѓето извикуваат „Вучиќ лопов“, „Вучиќ педер “, „Оставки“, „Предавство“…

Поединци исто така извикуваат „Косово е срцето на Србија“, „Не сакаме мигранти“. Околу 10:10 часот, демонстрантите маршираа кон зградата на парламентот. На платото пред зградата на Собранието, тие запалија факели и почнаа да се пробиваат во зградата. Дел од нив успеаја, по што оклопната полиција интервенираше и успеа да ги избрка од парламентот. Илјадници луѓе сега се пред зградата на Собранието, а кордон на полицијата е пред вратата во целосна подготвеност.

Сподели