декември 8, 2022

Концерт на виолинистката Пламенка Трајковска во Сули ан во рамките на Скопско лето

Јубилеен концерт на Пламенка Трајковска „LADIES AND GENTLEMEN” вечер ќе се одржи на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан.

На концертот, Трајковска ќе се претстави со својот музички опус и на него ќе настапат и нејзините долгогодишни колешки како гудачки квинтет и „Трио Џентлмен“.Можеби ќе ве интересира

– На програмата се вкрстуваат авторски композиции во специфичниот израз на Пламенка Трајковска, романтични теми, македонски и теми од класичната музика. Атрактивноста на концертот произлегува од специјалните технички и мултимедијални елементи автентични за Пламенка Трајковска – соопштија од „Скопско лето“.

Пламенка Трајковска е еминентна виолинистка, членка на државната Филхармонија,  како и на музичката организација „Пламенка Трајковска – мали камерни состави“.

 Автор е на албумот „Апасионато“, единствениот македонски музички албум со вкрстување на класичната и модерна музика, потоа на сингловите „Светулки„ – создадени во поп романтичен стил, а креатор е и на неофицијалниот музички албум „Црвената виолина“ со интерпретации на латино теми. За најмладите минатата година го издаде музичкиот албум „Карневал на животните“ од Камиј Сен Санс, адаптиран за виолина и пијано.

Сподели