ноември 28, 2022

И во Европа се враќаат рестриктивните мерки

САД не се единствена држава во која има скок на новозаразени случаи со коронавирус. Британија затвори неколку градови во карантин поради зголемувањето на бројката на нови случаи.
Еден до нив е градот Лестер, каде има пораст на случаи на коронавирус во текстилните фабрики, додека во другите делови од земјата, пак, има олеснување на рестриктивните мерки.

Старо-нови мерки против скок на заразени од коронавирусот.
И Србија повторно го врати карантинот со оглед на зголемувањето на бројката на нови случаи. Минатата недела, Хрватска воведе задолжителен двонеделен карантин за лицата кои доаѓаат од другите балкански држави.

Бугарија ја продолжи вонредната состојба до 15-ти јули и воведе задолжително носење маски во продавници и во јавни институции.

И Португалија го врати рестриктивните мерки во главниот град Лисабон, а слични мерки воведе и Шпанија во северниот дел од земјата.

Сподели