декември 8, 2022

Бледа кампања на Бајден

Кај изгуби неколку месеци кампања заради коронавирусот, и дремеше додека неговиот противник секој ден беше пред сите можни камери, и кога тргна во кампања, впечатокот на Опсервер е дека досегашниот настап на Бајден е блед, посебно кога карши себе го има бескрупулозниот Трамп.

Додека Трамп продолжува со засилување на поделбата меѓу гласачите, пример, последно зборувајќи за „крајно-левичарскиот фашизам“, паралелно работејќи на девалвирање на Бајден, на ист начин како што тоа го правеше со против-кандидатите во 2016, поранешниот американски потпретседател, главно работи на одржување на впечатокот дека е пристоен и фин човек.

Дури неодамна Бајден за прв пат посериозно го нападна Трамп и тоа за дебаклот во справување со ковид-19 пандемијата, кога порача дека „тој е како дете кое не може да поверува дека ова му се случило. Само кенка и се самосожалува.“

Забелешката на Опсервер е дека Бајден и понатаму е премногу претпазлив околу прашања како расна рамноправност и движењето БЛМ. Иако стои зад нив и ги поддржува, таа поддршка завршува некаде на пола пат, пред барањата за укинување на финансирањето на полицијата.

Она што му оди од рака на Бајден е освојување на главно белата средна класа, со чија помош тој има 9% пред Трамп на национално ниво.

Вака лагодната предност ги паничи аналитичарите дека би можела да доведе до спуштање на гардот и потенцијален камбек на Трамп како што тоа го направи против Хилари во 2016, која во месеците пред изборите сите ја гледаа удобно сместена во Белата куќа.

Очекувањата се дека во најскоро време, работите значително ќе се заострат. Бајден се уште на располагање го има изборот на потпретседател кој се очекува дека ќе го зголеми неговиот рејтинг меѓу демократите, посебно ако се реши да избере жена од црнечко потекло, пример како Камала Харис.

Камала Харис

Сподели