ноември 28, 2022

Слаб раст на нарачките за производите од германските фабрики

Забавени се нарачките за германските фабрики. 

Нарачките се зголемија за 10.4 проценти во мај, што е под очекувањата на аналитичарите за 15 отсто. 

Но, претходните два месеци падот на нарачките беше над 37 проценти.

„Ниското ниво на нарачки е знак дека процесот на закрепнување нема да биде завршен долго време“, стои во ставот на Министерството за економија. 

Состојбата на пазарите надвор од Европа е сложена.

Германија е погодена од затворање на претпријатија, нарушување на синџирот на снабдување и глобалниот пад на побарувачката. Политичарите предупредуваат да не се придава голема важност на првите сигнали за закрепнување, а според нив целокупната активност ќе остане под нивото пред кризата со Ковид-19, уште долго време.

Бројот на невработени поради пандемијата ќе скокне над 5 милиони. Со тоа Германија би имала 10 отсто невработеност. 


Сподели