ноември 28, 2022

Почина легендарниот композитор Енио Мориконе

Мориконе почина на 91-годишна возраст, во болница во Рим, од последици од падот што се случил минатата недела, пишува италијанската „Република“.

Овој двократен добитник на Оскар беше познат по соработката со Серџо Леоне, италијанскиот режисер заслужен за создавање на жанрот „шпагети вестерн“. Во текот на својата богата кариера, Мориконе компонирал музика за над 500 филмови, меѓу кои се, „За долар повеќе“, „Добриот, лошиот и грдиот“, „Беше еднаш во Америка“…

Мориконе го нарекуваа Маестро, а во 2007 година беше награден со почесен Оскар за извонредни придонеси во уметноста на филмската музика. Во 2015 година, тој освои Оскар за неговата работа на филмот на Тарантино „The Hateful Eight“.

Тој се смета за еден од највлијателните луѓе во историјата на филмската музика.

Семејниот адвокат Џорџо Асума објавил дека погребот ќе се одржи во приватност и „во согласност со понизноста која отсекогаш била главна инспирација во неговите животни дела“.

Сподели