ноември 28, 2022

Не е можен колективен имунитет без голем број на жртви?!

Coronavirus-generic-MGN-860x484

Опсежната шпанска студија за коронавирусот, откри дека само 5% од населението на земјата развило антитела на ковид-19, што дополнително ги поддржува претходните докази дека е речиси невозможно да се постигне колективен имунитет без голем број на жртви. Според наодите од студијата, 95% од населението во Шпанија сè уште е подложно на коронавирус, што е далеку од постигнување на таканаречениот имунитет на стадото. Колективниот имунитет се јавува кога доволно голем дел од популацијата се зарази со вирус или бактерии и се стекнува со имунитет, или ако се развие ефективна вакцина која спречува понатамошна циркулација на инфекцијата.

Лекарите сè уште не се сигурни колку долго антителата обезбедуваат заштита или дали не штитат целосно од повторна инфекција. Оваа студија беше спроведена од водечки агенции за истражување и епидемиологија на шпанската влада и започна во април додека нацијата беше под строга карантин. „Во моментов, тешко е да се постигне колективен имунитет без голем број смртни случаи“ “Релативно ниската серопревалентност забележана во контекст на интензивна епидемија во Шпанија, може да послужи како референца за другите земји. Во моментов е тешко да се постигне колективен имунитет без колатерална штета, односно без голем број смртни случаи кај ранливите популации и преоптовареноста на здравствениот систем”, се вели во студијата. Марина Полан, водач на студијата и директор на Шпанскиот Национален центар за епидемиологија, изјави за Си-Ен-Ен дека многу експерти веруваат дека „колективниот имунитет бара развој на антитела кај 60% од населението“.

Шпанија беше една од земјите во Европа најтешко погодена од пандемијата на коронавирус. Досега има пријавено повеќе од 290.000 случаи и најмалку 28.000 смртни случаи. Треба да се напомене дека во урбаната област на Мадрид, која беше најсериозно погодена од ковид-19, забележано е дека повеќе од 10% од популацијата развила имунитет, додека во густо населената Барселона, 7% од граѓаните имале антитела. Од друга страна, многу други крајбрежни региони имаа далеку пониски стапки на имунитет. Според резултатите од првата фаза од оваа студија, спроведена од 27 април до 11 мај, имунитетот го развиле 5% од шпанското население. Резултатите од втората фаза беа објавени на 4 јуни, покажувајќи дека 5,2% од Шпанците имаат антитела. Резултатите од третата и последната фаза беа објавени денес, и ги потврдија податоците од претходната фаза, односно дека само 5,2% од шпанското население развиле имунитет кон ковид-19.

Сподели