декември 6, 2022

Израел направи тест за корона преку здив

Пронајдокот на инстант тестот за ковид-19 може да има големи импликации за воздушниот сообраќај, при што границите можат повторно да се отворат, а патниците задолжително да се тестираат пред летот

Сподели
 
 
 
   

Израелски едноминутен тест за здив кој открива дали некој има коронавирус наскоро би можел да биде поставен на стотици глобални премини ако добие одобрение од Управата за храна и лекови на САД.

Тестот користи фреквенција за откривање на смртоносниот САРС-КоВ-2, а е дизајниран од тим на научници на израелски универзитет и има стапка на успех од над 90 проценти во досегашните испитувања.

Сегашните тестови за новиот коронавирус користат брисеви од грло или нос и бараат честички, но тимот предводен од професорот Габи Саруси од универзитетот Бен-Гурион од Негев размислувал надвор од вообичаениот начин во однос на откривање на вируси.

„Се запрашавме себеси, бидејќи овој вирус е сличен на нано честичка или квантна точка со дијаметар помеѓу 100nm до 140nm во однос на неговата големина и електричните својства, дали можеме да го откриеме користејќи методи од светот на физиката, фотониката и електронско инженерство? Откривме дека одговорот е да, овој вирус резонира во THz фреквенција и спектроскопијата во овие фреквенции го открива веднаш“.

Тимот на Саруси соработува со израелското Министерство за одбрана за да го провери рачниот уред што содржи чип со густо спакувани сензори за да фати ситни честички од здивот, вклучително и други вируси. Чипот потоа се чита преку THz спектроскопија, која трае околу 20 секунди. Научниците бараат промени во резонанцата во THz-ниот опсег предизвикан од коронавирусот. За една минута тие можат да кажат дали некој го носи вирусот, иако може да биде целосно без симптоми.

Саруси изјави дека идејата е овие корона тестови да бидат поставени низ целата земја на места како пристаништа, работни места и бродови за крстарење, при што секој уред обработува здив од околу 4.000 луѓе на ден.

Сподели