ноември 28, 2022

Гаврил Бубевски позитивен на Ковид – 19, во самоизолација оди и Фетаи

Обвинителот Гаврил Бубевски е позитивен на Ковид-19, а во самоизолација во наредниот период се повлекува и неговата колешка Фатиме Фетаи. Двајцата беа дел од поранешното Специјално Јавно Обвинителство, а сега се дел од Јавното Обвинителство Скопје, и се обвинители во случајот „Монструм“ за кој во текот на минатата недела имаа две заеднички судења.

„Поради најавено отсуство на надлежниот обвинител, расправата за случајот „Монстум“ за 6 јули се одложува. Наредната главна расправа за предметот е закажана за 26 август во 10 часот за што се известени и странките во постапката“, стои во огласот на Кривичниот Суд Скопје.

Од скопското Јавно Обвинителство, чиј дел се Бубевски и Фетаи, засега нема информации дали уште некој од вработените ќе оди во (само)изолација поради контакти со посочените обвинители.

Сподели