декември 8, 2022

Студентска мисла

На оваа земја и е потребен еден Анти Дон Мијале кој ќе биде во служба на народот.

Сподели
 
 
 
   

Светот го живее 21-от век, движејќи се во одреден правец. Кој е тој правец, и дали е валиден и легитимен е сосема логична дилема, особено за помладите кои се на раскрсницата на својата одлука за професија и иден развој.
И во нашата држава се случува наизменично движење, помеѓу две точки: точка А и точка Б во еден одвратен, корумпиран и малигнен циклус.
Циклусот е многу лесен да се опише и објасни:

Постојат две главни политички партии, кои навидум се цело време спротивставени меѓусебе, но вистината е што и двете се само алатки.
Алатки кои стојат во било кое време на располагање на таканаречената „елита“, „deep state“ или која и да е етикета измислена од „независните“ медиуми и слични такви ликови.
Таа група на луѓе би ја опишал со зборот олигархија.
Односно, тоа се група луѓе коишто во времето на приватизацијата успеале на еден начин или друг да ги присвојат најпрофитабилните државни компании од времето на Југославија.
Тоа се луѓе кои се грижат само за своите финансиски интереси, и немаат проблем да употребат се што е во нивната моќ за да си ги задоволат тие интереси.

Секој клечи и гребе кај некој, па исто и овие. Најмногу клечат пред странските сили кои воедно им дозволиле да бидат тоа што се денес.

Знаеме како е поставена структурата, меѓутоа како се извршува изведбата?

Во игра се двете (моментално) најомилени алатки од македонскиот електорат за манипулација на населението.
Во скоро секоја влада од независноста на нашата мала држава, секогаш имало две политички партии кои постојано си ја разменува власта.
Тоа го прави преку организирање на бројни политички претстави, уценувања, лажни ветувања…
Се трудат толку многу да ја наметнат идејата на “ние против нив” и “тие против нас”, но вистината е таа што тие секогаш биле еден единствен ентитет.

Во операции кога е важен само резултатот, а не е важен методот, се отвораат многу шанси и можности за криминогениот карцином, кој е присутен во секое општество на секое ниво, лесно и брзо да метастазира.
Да расте и да се прошири во скоро секој дел од државниот апарат, во секој постоечки (и иден) државен орган.

Како резултат на тоа, ние аминуваме за избор на криминалци и рекетари во парламентот како пратеници.
Луѓе кои што народот ги избира за да носат одлуки во нивно име за нивно добро, но народот свесно и/или несвесно ги бира како услов за болест. Што е уште полошо, имаме и инфлитрирани воени криминалци во истиот тој парламент!
Воени криминалци кои имаат извршено бројни злосторства против човештвото и против граѓаните на оваа земја.
Кога сме на тема на воени криминалци, нашето министерство за одбрана ја доживеа најголемата иронија и трагедија што можела некогаш да се случи на таква институција во било која држава:
Се случи непријателски командир од терористичка организација која се борела против истите тие воени сили на оваа држава, да стане нејзин надреден.
Нашето судство е застарено, неефективно, селективно и воедно можеби и најконтаминирано како криминален елемент.
Од сите луѓе коишто морале да се иселат од нашава мала држава по потрага по подобар живот, сте се запрашале зошто ниеден од нив не е судија?
Полицијата и сите нејзини ингеренции, станува паравојска на онаа партија која е моментално на власт.
Полицијата наместо во служба на народот, е во служба против народот.
Да ја тргнеме на страна злоупотребата на системите за прислушкување…
Да не ги ни споменуваме милијардите евра коишто до сега се украдени и кои уште се крадат…

Во целава оваа приказна, еден од најистакнатите ликови е еден човек кој што сè уште се претпоставува дека стои позади најголемиот дел од оваа лоша приказна.
Станува збор за поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков (Дон Мијале).
Дон Мијале многу долго време бил дел од државниот безбедносен апарат во различни улоги, и затоа никако не смее да биде потценет.
Воедно е вмешан во многу матни и чудни бизниси, притисоци, тортури од скоро секаков вид, кодошења итн.

Има многу гласини за овој човек, од тоа како се реванширал против бројни компании и дека од него банкротирале, до тоа како сместувал луѓе по ментални институции за да бидат психолошки измачувани.
А каде има чад, има и оган, нели!?
И ако сите гласини за овој човек се барем делумно точни, тогаш не би било ни толку бесмислено да се каже дека бил обучен од некаде.
Сега, земете го поимот Дон Мијале, целата таа способност, интелигенција и знаење за криминалното подземно дејствување, и размислете каква би била нашата држава доколку тоа биде ставено во вистинска служба на народот?

Замислете еден Анти Дон Мијале кој што би го контролирал подземјето, за на тоа подземје да може му ги пресече драстично сите негови пипци.
Анти Дон Мијале којшто би ја употребил неговата моќ и умеење за нашата држава да остане независна, без надворешни влијанија.
Анти ДонМијале којшто би ги усовршил и активирал сите наши безбедносни органи за една цел, целосна елиминација на сите надоврешни и внатрешни закани, по безбедноста на нашата мала држава со име Република Македонија.

На нашата држава и е очајно потребен еден АНТИ Дон Мијале, кој ќе служи како последната линија на одбрана против олигархискиот метастазиран карцином, кој што денес се има совршено инфилтрирано во нашата држава до највисоко ниво.
Само со таков пристап, ќе можеме да почнеме воопшто да размислуваме за идниот развој на нашата држава.

Автор: Виктор Арсов, студент

Сподели