декември 2, 2022

Постапува ли власта селективно и при “средувањето” на хаосот на Охридското Езеро?

И додека на плажата “Немо” меѓу охриѓани позната како “Горица трета”, се отстранија дивите шанкови и бекатон плочките, во меѓувреме во Градиште проработе новиот ресторан со плажа. Овој објект крена прашина пред месец и половина, кога на социјалните мрежи се појавија слики од изградба на потпорен ѕид до самата вода и наводно следеше интервенција со градежна механизација од страна на локалните власти.

Но, месец и половина подоцна, таму фактичката состојба е изграден потпорен ѕид, нов ресторан и нова плажа добиена како резултат на насипување на теренот.

Единствено полошо од тоа државата да не го среди хаосот, е да постапува селективно, со што врши дискриминација и создава предност за одредени субјекти. Ова е еден од примерите кои ги има многу и не само на Охридското Езеро туку насекаде низ нашата Татковина. Пример за тоа е и Струга каде узурпацијата на јавниот простор продолжува со несмалено темпо.

Сподели