ноември 28, 2022

Еден милион евра во ќеси украдени од куќа во Скопје

Пари - евра

Вчера во перодот од 19,30 до 21,45 часот во куќа во Скопје, непознато лице извршило тешка кражба. Крадецот насилно влегол во куќата и од една од собите одзел три ќеси со 800 илјади евра, 60 илјади американски долари, 50 илјади швајцарски франци и еден милион денари.

Случајот, како што соопшти МВР, вчера во 22,10 часот во СВР Скопје го пријавил Ш.И. (58) од Скопје во чија сопственост е куќата каде била извршена кражбата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Сподели