декември 8, 2022

Oбраќање по објавеното соопштение од Академијата за судии и јавни обвинители во врска со ранг листата за прием во почетна обука

Почитувани, 

Имајќи го во предвид соопштението кое што беше објавено од страна на Академијата за судии и јавни обвинители сакаме да се произнесеме со следново:
Од самото соопштение неспорно произлегува дека сите измени во врска со начинот на потполнување на утврдените 60 места се извршени по објавување на огласот објавен во сл.весник бр.94/19 од 15.05.2019 година.
Потенцираме дека и самата Академија потврдува дека измените на Правилникот за приемен испит како и измените на Статутот на АСЈО се донесени откако огласот е објавен што значи дека во моментот на објавување на огласот во важност биле Статутот и Правилникот кои важеле за VI-та генерација .
Измените на Правилникот и Статутот не може ретроактивно да се применуваат туку истите имаат важност и ќе можат да се применат на нареден оглас кој што би бил објавен.
Неточни се наводите на Академијата дека Управниот одбор може во било која фаза на постапката да донесува одлука за утврдување на квота. Ваквата изјава е дадена само со цел да се конвалидира одлуката на Управен одбор.
Ова од причина што и во самите измени на Статутот и Правилникот на кој се повикува Академијата е нагласено дека СООДВЕТНАТА И ПРАВИЧНА ЗАСТАПЕНОСТ СЕ ОБЕЗБЕДУВА СО ПРЕТХОДНО УТВРДУВАЊЕ НА ПОСЕБНА КВОТА ЗА ПРИПАДНИЦИ НА ЗАЕДНИЦИТЕ ШТО НЕ СЕ МНОЗИНСТВО ВО РМ, СМЕТАНО ОД ВКУПНИОТ БРОЈ НА СЛОБОДНИ МЕСТА ЗА СУДИИ И ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ УТВРДЕН ВО ЈАВНИОТ ОГЛАС ЗА ПРИЕМ ВО ПОЧЕТНА ОБУКА.
Отука јасно произлегува дека Управниот одбор при утврдување на квотите е врзан ИСКЛУЧИВО ВРЗ ОСНОВА НА БРОЈОТ НА СЛОБОДНИ МЕСТИ ЗА СУДИИ И ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ, КОЈ БРОЈ СЕ УТВРДУВА ОД СТРАНА НА СУДСКИОТ СОВЕТ И СОВЕТОТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ ПРЕД ОБЈАВУВАЊЕ НА ОГЛАСОТ И ОГЛАСОТ СЕ РАСПИШУВА ВРЗ ОСНОВА НА УТВРДЕНИОТ БРОЈ.
Потенцираме дека Управниот одбор НЕ СМЕЕЛО ДА ДОЗВОЛИ КВОТИТЕ ДА СЕ ОПРЕДЕЛУВААТ ПО КОНЕЧНОСТА НА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД УПРАВНАТА ПОСТАПКА И ВРЗ ОСНОВА НА ЛИСТАТА НА ПОЛОЖЕНИ КАНДИДАТИ НА ИСПИТОТ КОГА ВЕЌЕ Е ИЗВЕСНО КОЈ КАНДИДАТ КОЛКУ ВКУПНО БОДОВИ ОСВОИЛ, А ОВИЕ ПАРАМЕТРИ НИТУ ВО ИЗМЕНИТЕ НА ПРАВИЛНИКОТ И СТАТУТОТ НЕ СЕ ПРЕДВИДЕНИ.
Со цел за објективност на определување на квотите и правна сигурност на кандидатите однапред да знаат за колку места се борат И ИЗМЕНИТЕ НА ПРАВИЛНОИКОТ И СТАТУТОТ (НА КОИ СЕ ПОВИКУВА АКАДЕМИЈАТА) јасно предвидуваат дека квотата се ОПРЕДЕЛУВА НА ПОЧЕТОКОТ А НЕ НА КРАЈОТ ОД ПРОЦЕСОТ.
Неточни се наводите на Академијата дека Управниот одбор во било која фаза можел да ја донесе одлуката за квоти, затоа што секоја фаза е елиминаторна поради тоа што УСНИОТ ДЕЛ НА ИСПИТОТ КАКО ПОСЛЕДНА ФАЗА НЕ Е ЕЛИМИНАТОРЕН, па се поставува прашањето , ЗОШТО УПРАВНИОТ ОДБОР ДУРИ НА 22.01.2020 ГОДИНА ЈА НОСИ ОДЛУКАТА ЗА НОСЕЊЕ НА КВОТИ ПО КОНЕЧНОСТА НА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД УПРАВНАТА ПОСТАПКА КОГА ВЕЌЕ СЕ ЗНАЕ СЕКОЈ КАНДИДАТ КОЛКУ БОДОВИ ОСВОИЛ?!
Неточни се наводите на Академијата дека кандидатите биле запознати со измените и истите требало да ги следат на официјалниот сајт на Академијата од причина што Одлуката на Управниот одбор за која што ДОЗНАВАМЕ ОД ДЕНЕШНОТО СООПШТЕНИЕ Е ДОНЕСЕНА НА 22.01.2020 ГОДИНА КОГА ЦЕЛОКУПНИОТ ПРОЦЕС НА ПОЛАГАЊЕ ВЕЌЕ Е ЗАВРШЕН, ПА АКАДЕМИЈАТА НЕ НИ МОЖЕЛА ДА ГИ ИНФОРМИРА КАНДИДАТИТЕ НА ПОДГОТВИТЕЛНАТА НАСТАВА НА 22 И 23 ЈУНИ 2019 ГОДИНА СО ОГЛЕД ШТО ТОГАШ ВАКВАТА ОДЛУКА НЕ БИЛА НИТУ ДОНЕСЕНА А ДО ДЕН ДЕНЕС ИСТАТА НЕ Е НИТУ ОБЈАВЕНА НА ОФИЦИЈАЛНИОТ САЈТ НА АКАДЕМИЈАТА.
Се согласуваме со наводите на Академијата дека принципот на правична застапеност на заедниците треба да биде запазен и во овој оглас И ТОА Е НЕСПОРНО. Меѓутоа со оглед дека неправилно е спроведен целокупниот процес по однос на запазување на овој принцип со ретроактивна важност на одлуки кои се донесени после објавување на огласот БАРАМЕ ПРИНЦИПОТ НА ЗАСТАПЕНОСТ НА ЗАЕДНИЦИТЕ ДА СЕ ОВОЗМОЖИ СО ПРИМЕНА НА ПРАВИЛНИКОТ, ЗАКОНОТ И СТАТУТОТ КОИ БИЛЕ ВО ВАЖНОСТ ВО ВРЕМЕТО НА ОБЈАВУВАЊЕ НА ОГЛАСОТ, А ЗА ШТО ВЕЌЕ ИМА ВОСПОСТАВЕНО ПРАКСА ВО VI ГЕНЕРАЦИЈА НА НАЧИН ШТО ЌЕ СЕ ЗАПАЗИ КРИТЕРИУМОТ ЗА ПОСТИГНАТ УСПЕХ ДО 60 место, А СО ПРОШИРУВАЊЕ НА ЛИСТАТА ЗА ЗАЕДНИЦИТЕ ЌЕ СЕ ОВОЗМОЖИ ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРИНЦИПОТ НА ПРАВИЧНА ЗАСТАПЕНОСТ СОГЛАСНО УСТАВОТ И СОГЛАСНО ЗАКОНСКИТЕ И ПОДЗАКОНСКИТЕ ПРОПИСИ КОИ ВАЖЕЛЕ И ВРЗ ОСНОВА НА КОИ Е ОБЈАВЕН ОГЛАСОТ.
РЕШЕНИЕТО КОЕ ШТО ГО НУДИМЕ ОВОЗМОЖУВА НИКОЈ ДА НЕ Е ОШТЕТЕН И ДА БИДАТ ПРИМЕНЕТИ ВО ИСТО ВРЕМЕ КРИТЕРИУМОТ ЗА ПОСТИГНАТ УСПЕХ И ПРИНЦИПОТ НА ПРАВИЧНА ЗАСТАПЕНОСТ КАКО И ДА СЕ СПРЕЧИ РЕТРОАКТИВНА ПРИМЕНА НА ПРОПИСИ КОИ ШТО СЕ ПОДОЦНА ДОНЕСЕНИ А СЕ НА ШТЕТА НА ГРУПА КАНДИДАТИ КОЈА ЗАБРАНА ИСТО ТАКА Е ПРЕДВИДЕНА ВО УСТАВОТ.
ВАКВОТО РЕШЕНИЕ Е ОПРАВДАНО И ОД АСПЕКТ НА ПОТРЕБАТА ОД ПОГОЛЕМ БРОЈ КАНДИДАТИ ЗА СУДИИ И ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ КАКО И ВЕЌЕ ОДОБРЕНИ ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА ОД СТРАНА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ.

Со почит,

Група кандидати пријавени на јавниот оглас за прием на VII генерација слушатели на почетна обука

Сподели