декември 2, 2022

Тешко е да се победи, а уште потешко е на победата да и се дадат смисла и цел

Тешко е да се победи, а уште потешко на победата да и се дадат смисла и цел!

АКО НАВИСТИНА САКАМЕ ПОБЕДА ЗА МАКЕДОНИЈА МОРА да го искорениме ситнодушното, себично, пресметливо, подло, површно, завидливо, уплашено, поткупливо, заводливо, трчилажливо, разлигавено македонченце од нашите мисли, од нашите дела, од нашите меѓучовечки односи, од нашиот патриотизам, од нашата вера и од нашата борба!

Не мора да се многу по број оние што ќе бидат вистински МАКЕДОНЧИШТА, но од суштинска важност е во моментот ДА СЕ ИМА ПРИМЕР, жив пример, живо зрачење на енергија, мисла и дело што ќе мотивираат и мобилизаираат за ПОБЕДА, кои ќе поттикнуваат на враќање на самодовербата и достоинството!

Добриот дух, добрата личност, добрата мисла на човекот е извор на неговата сила и градивна мотивација!

Народ чиј колективен дух е разбуден и насочен кон ПОБЕДА, тој народ ќе ја победи слабоста и незрелоста во себе и ќе ја оствари победата за свое вистинско самосебевреднување и почитување!

Победата е пред нас, но само ако вистински ја посакуваме, а и знаеме да ја одржиме!

Историјата повторно ни дава шанса!
ИГРАТА ЈА ДОБИВААТ само посветени, добри и искрени играчи!

Автор: Презвитер Ивица Тодоров

Сподели