декември 2, 2022

Премиерот поднесе оставка, падна француската влада

Францускиот премиер Едуард Филип денес даде оставка од функцијата. Со тоа и официјално падна француската влада.

Сподели
 
 
 
   
Едуард Филип

Како што проценуваат светските агенции, оставката е дел од плановите за реконструкција на владата. Исто така, се наведува дека Филип ќе ја извршува функцијата до изборот на новиот премиер и членовите на владата.

Оставката на премиерот, всушност претходниот ден ја соопшти претседателот на Франција, кога рече дека следната фаза од неговиот мандат ќе ја следи нов тим во владата.

Едуар Филип (49) е премиер на Франција од 15 мај 2017 година. Тој е адвокат по професија, долгогодишен член на Унијата на народното движење, која подоцна стана Републиканска партија.

Анонимни, информирани кругови во палатата Матињон тврдат дека Филип има амбиции да се кандидира на следните претседателски избори.

Сподели