јуни 6, 2023

Опаѓа просечната плата

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната исплатена нето-плата во април изнесувала 25830 денари. Тоа претставува намалување во однос на просечната плата во првиот квартал од годинава за 3,46 %. Просечната плата во првиот квартал изнесувала 26754 денари. Со оглед на економската криза предизвикана од пандемијата со Ковид – 19, задржувањето на нивото на платите ќе претставува голем предизвик за реалниот сектор.

Извор: Државен завод за статистика

Автор: Стефчо Негриески

За авторот

Сподели