мај 19, 2022

Засега нема затворање на границите со Србија и Косово

Техничкиот премиер Оливер Спасовски информираше дека Комисијата за заразни болести на денешниот состанок не разговарала за евентуално затворање на северната граница, односно со Косово и Србија.

Со оглед на развојот на ситуацијата со коронавирусот во соседството, Комисијата за заразни болести најави дека денеска на состанок ќе разговара за евентуално повторно воведување режим со границите на Србија и Косово или затворање на граничните премини со овие земји.

Сепак, бидејќи нема препорака до Владата, нема да биде разговарано за евентуални нови рестрикции.

Сподели