декември 2, 2022

Дали правдата е слепа?!

Што се случува во Академијата за судии и јавни обвинители. Дали еден од столбовите на правосудниот систем, одлучува ретроактивно при изборот на идни кандидати за слушатели на Академијата?!

Сподели
 
 
 
   

Во јавниот оглас објавен на 15 мај 2019 година, сл. Весник бр.94, од страна на Академијата за судии и јавни обвинители, јасно и недвосмислено е наведено дека јавниот оглас за избор на VII генерација, бројот на слушатели на почетна обука изнесува 60 слушатели.
Пријавените кансидати на јавниот оглас имале во предвид дека се борат за 60 места за идни слушатели на почетна обука.
Дотолку повеќе, правилникот за изменување и дополнување на правилникот за полагање на приемниот испит во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ бр. 02-257/5, кој е донесен на 03.06.2019 година, во член 8 предвидува: „правична застапеност на кандидатите за прием во почетна обука“.
Понатаму во став 1 од истиот член е наведено: „При селекцијата на кандидатите за прием во почетната обука во Академијата, без да се нарушат критериумите предвидени со закон, се обезбедува соодветна и правична застапеност на граѓаните кои им припаѓаат на сите заедници во Република Македонија“.
Во став 2 стои: „соодветната и правична застапеност се обезбедува со претходно утврдување на посебна квота за припадници на заедниците што не се мнозинство во Република Македонија, сметано од вкупниот број на слободни места за судии и јавни обвинители утврден во јавниот оглас за прием во почетна обука, а кој број се определува од страна на Управниот одбор за секој нов упис посебно“.
Измените на правилникот и статутот се донесени на 3 јуни 2020 година, откако е објавен огласот за прием на 60 слушатели на почетна обука на Академијата за судии и јавни обвинител „Павел Шатев“ – Скопје. Истиот може да произведе дејство само за идните огласи за слушатели на почетна обука. Преку ваквата одлука донесена ретроактивно кандидатите се директно дискриминирани и незаконски отфрлени од листа на слушатели. Во огласот од 15 мај 2019 година јасно стои 60 места. Не може одлука донесена после објавување на огласот да биде на штета на кандидатите кои имаат највисок успех последователно од 1 до 60 – то место.
Во став 1 од член 91 од Законот за академијата за судии и јавни обвинители од 2015 година концизно е наведено дека изборот на слушатели на почетна обука на академијата се врши врз редоследот на ранг листата до пополнување на предвидениот број на слушатели.
Поради сето ова, кандидатите бараат да се испочитува ранг листата на положени кадидати од прво па се до 60 – то место, следствено на постигнатиот успех, а за заедниците бараме да се постапи како на јавниот оглас за прием на слушатели за почетна обука објавен во 2016 година, кога беше објавен оглас за 30 слушатели, а потоа листата беше проширена за уште 7 слушатели, кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во РМ.
За јавниот оглас во 2019 година важи правилникот што важеше за јавниот оглас во 2016, и недозволиво е во правото законска одредба да важи ретроактивно освен ако не е поповолна за граѓаните.

Сподели