мај 19, 2022

Боки 13 повторно во обвинителството

Боки 13

Бојан Јовановски попознат како Боки 13 кој е осуден на девет години затвор во случајот „Рекет“, денеска повторно е во Јавното обвинителтво каде дава исказ за кривичните пријави кои ги поднесе пред една недела.

Пријавите се за актуелни функционери на власта и бизнисмени, а се за сторени кривични дела а злоупотреба на службена положба и овластување, изнуда, измама, давање на лажен исказ, тортура и несовесно лекување.

Како што е познато тој и на 25 минатиот месец беше во ОЈО, но тогаш не завршил со поднесувањето на пријавите и записникот останал отворен, по што му закажале нов термин за денеска.

Заедно со Јовановски во ОЈО е и неговиот адвокат Сашо Дуковски. Токму Дуковски минатиот пат по однос на пријавите не сакаше да открие конкретни имиња.

Против Боки 13 се води уште еден процес за предметот „Меѓународен сојуз“, каде е првообвинет за измама и перење пари.

Сподели