декември 8, 2022

Ќутењето не е злато

Многумина ме прашуваат до кога партиите ќе го зафаќаат целиот простор во општеството?! Мојот одговор е едноставен, сè додека им го оставаме просторот и постојано се повлекуваме заради трошките кои ни ги фрлаат. Ќутењето (не) е злато?!

Сподели
 
 
 
   
Стефчо Негриески

Мојот пријател Роберт Милески убаво вели, нема логика во една Германија да има помалку партиски членови на ниво на цела држава, од било која од двете најголеми партии во Македонија?! Што ги тера на Македонците да земат партиска книшка и во суштина да станат клиенти на партиите?! Невиден феномен!! Трошките ќе ви ги фрлат, но и за нив ние сме платиле.

Да бидеш интелектуалец, не значи само да завршиш високо образование. Треба да анализираш и да согледуваш проблеми, но најважно од сè, да предлагаш решенија. Па и да станеш член на партија не значи дека треба постојано да кимаш со главата на сè што ќе каже лидерот. Зоран или Христијан нешто ќе кажат, кимам со главата, се заблагодарувам и со спуштена коса преку лице, проаѓајќи меѓу луѓето, излегувам од ходникот, а грбот ми гори од погледите на вчудовидените. А потоа вчудовидените ќе поминат низ истото. Не така почитувани!!!

Знам дека многу од вас имаат алиби во фактот дека не ви е даден доволно простор во медиумите или на работното место. Просторот се обележува и се штити. Тоа зависи од секој од нас. 30 години тие (партиите) тераат кампањи со лажење. Погледнете ја и оваа кампања, милијарди евра ветувања се расфрлаат на сите страни. Треба да им ставиш ” допаѓање” на фејсбук само заради тоа дека имаш партиска книшка?! Се работи за наши пари. Кога се мои пари во прашање сакам и јас да одлучувам за проектите. Тоа е одлика на интелектуализмот.

dijalektika.com, е токму затоа направена. Да ви даде шанса на сите вам кои се чувствувате заќутено да може да ги предложите своите решенија. Еве нешто повеќе од три недели молам мои колеги да напишат текст за проблемите кои ми ги соопштуваат во четири очи. Македонија е алманах на проблеми, ама нема “храбри” интелектуалци кои ќе се обратат на јавноста. Не на партиските лидери. На јавноста. Секој од нас е стручен во својата област и нема потреба да ќутиме на лажгите на лидерите. Така се самопонижуваме.

На интелектуалци не сакам многу да им објаснувам. Затоа само ќе завршам со една мудрост на Абрахам Линколн ” Можат да не лажат сите некое време и да лажат дел од луѓето цело време. Но не можат да не лажат на сите цело време!!”

Автор: Стефчо Негриески

Сподели