ноември 27, 2022

Црна Гора ги легализира истополовите бракови

Пратениците на владеачката коалиција во Црна Гора, поддржани од опозициските СДП и ДЕМОС, го усвоија Законот за истополови бракови , за чие усвојување беше потребно да гласаат 41 од 81 пратеници во црногорското собрание.

Законот, исто како и пред една година, кога не беше усвоен, не беше поддржан од четирите пратеници на малцинските партии, Хрватската граѓанска иницијатива, Бошњачката партија, и Албанската FORCE, кои заедно со Демократската партија на социјалистите и Социјалдемократите ја сочинуваат владеачката коалиција во Црна Гора. Против беа поголемиот дел од опозициските патии.

Усвоениот закон предвидува дека истополните партнери можат да склопат брак, да се наследуваат едни со други, да имаат заеднички имот, право на пензија и социјално осигурување, посети во болница, заедничка грижа за деца, но и обврска да се грижат за детето на својот партнер доколку истото нема блиска родбина.Законот не содржи изричито дека можат да усвојуваат деца, но предвидува заедничка грижа за децата на еден од партнерите.

Сподели