мај 19, 2022

САД бараат од Турција да не ја претвора „Аја Софија“ во џамија

Света Софија - Истанбул

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, ја повика Турција да не ја претворa поранешната базилика „Аја Софија“ во џамија, како што сака турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.

„Ги повикуваме турските власти да продолжат да ја сочуваат ‘Аја Софија’ како музеј, како илустрација на нивната заложба за почитување на културните традиции и богатата историја што ја формирале турската република и да гарантираат дека таа ќе остане отворена за сите“, напиша Помпео.

Турскиот државен совет ќе го разгледа барањето на здруженијата кои сакаат поранешната базилика „Аја Софија“, која сега е музеј, да ја претворат во џамија.

„САД сметаат дека секоја промена на статусот на ‘Аја Софија’ би била ограничување на наследството на оваа исклучителна градба“, додаде Помпео.

Портпаролот на турското Министерство за надворешни работи, Хами Аксој, изјави дека Турција е изненадена од изјавите, додавајќи дека никој нема право да зборува со предупредувачки тон за нивните суверени права.

Сподели