Нови остри мерки во Србија од вечерва

Претседателот на Србија Александар Вучиќ вечерва ќе ги соопшти најновите остри мерки на заштита од коронавирусот за Белград, дознава Б92 од свои извори.
Одлуката ќе биде донесена по препорака на Кризниот штаб, а ваков исход следува по неповолната епдимиолошка ситуација во главниот град. Според сознанијата, не е исклучено да има целосен полициски час.
Според најновите податоци од вкупниот број тестирани во Србија во последните 24 часа, повеќе од 80 отсто од заразените се од Белград.
Сподели