декември 8, 2022

Германија планира рекордно да се задолжи во 2020 година

Германија оваа година ќе се задолжи за рекордни 217,8 милијарди евра за да ги финансира мерките за ублажување на последиците од кризата предизвикана од коронавирусот, според новиот додаток на буџетот, усвоен од парламентот во четвртокот.

Сподели
 
 
 
   

Владата со тие пари во наредните месеци ќе ги финансира мерките за поддршка на потрошувачите и компаниите за да го поддржи очекуваното постепено закрепнување на економијата од кризата.

Пакетот мерки вклучува исплата на надоместок за работниците со скратено работно време, намалена стапка на данок на додадена вредност и надоместок од 300 евра по дете.

Дополнително се издвоени 25 милијарди евра за мали и средни претпријатија, чии приходи нагло паднаа за време на пандемијата.

Со донесувањето на дополнителниот буџет долгот изразен како удел во БДП ќе надмине 75 проценти и на тој начин ќе биде далеку над горната дозволена граница во ЕУ од 60 проценти.

Дополнителниот буџет се заснова на новата проценка која покажува дека даночните приходи оваа година треба да бидат 40,5 милијарди евра помали отколку што на тоа покажувале пресметките на почетокот на годината.

Првиот додаток на буџетот, вреден 156 милијарди евра, го одобрил парламентот во втората половина на март за да го надомести падот на приходот од данокот и да обезбеди пари за првиот пакет мерки за помош при коронакризата.

Сподели