декември 6, 2022

Почнува судскиот процес за “Меѓународен сојуз”

Боки 13

Бојан Јовановски, откако првостепено доби затворска казна од девет години за случајот „Рекет“, денеска за прв пат седнува на обвинителска клупа за случајот „Меѓународен сојуз“. За работата на оваа невладина организација, првообвинетиот се товари за делата измама и перење пари. 

Обвинета за помагање со својот авторитет и углед е и потпретседателката на Собранието, Фросина Ременски; тогашниот почесен претседател на организацијата, како и заменик-претседателката на „Меѓународниот сојуз“, Јасна Мандиќ; таткото на Боки 13 – Миле Јовановски и асистентката Христина Блажевска.

Боки 13 ќе биде спроведен од истражниот затвор Шутка, каде што беше задржан по пресудата за „Рекет“, иако неговата одбрана бараше тој да се брани од слобода. По ова Јовановски рече дека едвај чека да дојде 1 јули „за да каже пред јавноста што има“.

Јовановски е обвинет дека во 2017 и 2018 тој како претседател на невладината организација измамил двајца бизнисмени, кои ги довел во заблуда дека преку Меѓународниот сојуз ќе им обезбеди поволности, по што тие му исплатиле средства во висина од 719 905 и 233 821 евра.

Сподели