мај 19, 2022

Нема потреба од пржинска Влада

Лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски на вечерашниот телевизиски дуел се согласија дека Пржинската влада 100 дена пред избори не треба да постои.

– Мојот став е дека не треба да има повеќе Пржинска влада, дај кажете и вие – му се обрати Заев на Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека отсекогаш бил против Пржинска влада.

– Немам никаков проблем да нема Пржинска влада – рече Мицкоски.

Сподели