мај 19, 2022

Насилниот син на починатата пациентка дошол да се пресметува заболен од Ковид-19

Градска општа болница 8-ми септември

Синот на починатата жена кој насилно сакал да го земе нејзиното тело од ГОБ „8 Септември“ е пренесен во државен карантин, кој треба да си го плати на свој трошок откако полицијата увидела дека е позитивен на Ковид-19, а дополнително за него ќе биде поднесена кривична пријава за непостапување по здравствените прописи.

МВР вчера соопшти дека шест лица се приведени во полициската станица Гази Баба поради инцидент во Градската општа болница. Меѓу приведените е и Б.С.(29) од синовите на починатата жена кој бил позитивен на коронавирусот и тој е спроведен во полициска станица со специјални протоколи.

Починатата пациентка пет дена била на респиратор во ГОБ „8 Септември”. Согласно протоколите починатите пациенти од КОВИД-19 ги подигнува специјална екипа од погребалното претпријатие Бутел опремена со скафандери и друга специјална опрема.

Еден од синовите на починатата кој сакал насилно и без почитување на протоколите да го земе телото на неговата мајка бил позитивен на коронавирус, но наместо во изолација, тој дошол пред болницата.

„По излегување на местото на настанот, полициски службеници затекнале повеќе лица на паркингот пред ГОБ ‘8 Септември’, при што од страна на полициските службеници преземени биле мерки и активности за преглед на лица и патнички моторни возила, а меѓу нив биле затекнати синовите на починатата кои сакале насилно да го земат телото. Лицето Б.С (29) е приведен во ПС Гази Баба, поради тоа што при проверка во евиденција за лица со решенија за изолација констатирано е дека истиот не го почитувал решението за изолација и е позитовен на Ковид-19“, велат од МВР. 

Групата синоќа се обидела да влезат во ГОБ „8-ми Септември“ и барале да го земат телото на нивна блиска почината од ковид-19 и да го однесат на обдукција. Откако надлежните во болницата им кажале дека протоколите за обдукција предвидуваат чекање од два часа и потоа со погребно возило телото да биде префрлено на Клиниката за патологија, роднините на починатата  се заканиле со оружје по што била повикана полиција.

Сподели