декември 6, 2022

Уште три симптоми на коронависус: СЗО ги додаде на листата

Уште три симптоми постојат и укажуваат дека луѓето се заразени од коронавирусот. 

Светската здравствена организација (СЗО) на списокот на досега познатите симптоми како покачена температура, главоболка, мачнина, губење на чувство за мирис предупредуваат на уште три симптоми кои се карактеристични за коронавирусот. 

СЗО информира дека е потребно да се тестираат поединци кои имаат недостаток од воздух затоа што е еден од главните симптоми на Ковид- 19.

Уште еден од симптомите е болка во градите и очен притисок. 

Потешкотија во говорот или проблем со координација на движењето на телото се знаци на корона.

Некои од заразените најверојатно ќе развијат поблага клиничка слика која не бара хоспитализација, но кај потешките симптоми се вклучува и тешко или отежнато дишење, губење на здив, болка во градите и проблем со движење на телото.

Сподели