мај 18, 2022

Милошоски примен на инфектологија со покачена температура

Долгогодишниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски попладнево е примен на Инфективната клиника во Скопје со покачена температура.

Милошоски на Фејсбук објави дека вчерашниот тест за КОВИД-19 му бил негативен, но заради повеќедневна покачена температура, по препорака на специјалист направен му е уште еден тест, а резултатите се очекуваат утре. Тој вели дека други симптоми нема, дишењето му добро, како и апетитот и расположението.

Милошоски, кој е втор на листата на ВМРО-ДПМНЕ во петтата изборна единица, беше во домашна изолација од 26 јуни, откако неговата мајка беше позитивна на тестот за КОВИД-19. Тој тогаш кажа дека пет дена претходно имал средба со мајка си во Кичево.

Сподели