ноември 28, 2022

Милески: Колективна тужба против СДСМ и Заев

“Од сдс размислувале да го тужат Арсим Зеколи затоа што Заев го нарече будала. Настрана фактот што ќе биде неверојатно тешко да докажат дека Заев не е будала, туку зошто сите ние не би спремиле една колективна тужба против Заев и СДС за навреда (колку пати само нé пцуеше сите), измама и нанесување душевна болка, бидејќи ветија дека нема да го менуваат Уставот и името и нé излажаа? Па колку само од нас завршија на апчиња поради нив. Размислете.

Замислете 10.000 луѓе да побараат оштета по 2.000 евра, тоа се 20 милиони евра што треба да ја плати сдс и Заев. А што ако ги тужиме 50.000?”, напиша Роберт Милески на Фејсбук.

Сподели